„Никој не е премногу мал, да не биде во можност да го направи светот подобар“беше мотото на синоќешната манифестација во која стотина дечиња заедно со своите ментори од неготинската детска градинка „Фемо Кулаков“ со манифестација на градскиот плоштад го одбележаа завршувањето на уште една училишна година.
Манифестацијата беше во рамките на проектот „Срце за животните“ каде дечињата маскирани во специјално изработени костими на огромно задоволство пред бројната публика продефилираа низ улиците на градот. На бината во центарот на градот децата ја продолжија програмата насловена како „Со љубов за нашите нови пријатели“.
Преку изведба на точките дечињата од двата клона на градинката „Мајски цвет“ и „Пролет“ порачаа дека нивните мали срца даваат многу љубов за секого, дека тие ја подале својата рака и побараа од присутните на приредбата да се приклучат кон нивната иницијатива.
Б.Н.Т
Додади коментар