Синоќа во домот на културата Иван Мазов Климе се одржа годишниот концерт на ООМБУ Лазо Мицев Рале. Дека Музиката нема граници уште еднаш докажаа младите но докажани музичари од градот. Музицираа наградените ученици од државните и меѓународните натпревари. Балет, флејта,пијано, хармоника, виолина, труба, кларинет, сплет од изворни напеви класи со свои претставници, најдобри во натпреварите.
И повторно зад сите овие ученици стојат ментори односно професори докажани во својата област.Билјана Иванова,Силвана Чулева Атанасова,Јелица Лазарова, Ласко Атанасов, Златко Јованов, Пешо Бошков, Лазар Соколов, Весна Павлова, Горан Јанев, Марта Ристова,Звонко Богев и Ана Арангелова се виновниците што Кавадарци ги има најдобрите млади музичари на државно и меѓународно ниво. Повеќе од јасно веќе и стана и на културната публика дека ваквите концерти се моменти за уживање и не смеат да се пропуштат, па истото се покажа и синоќа кога во полната сала на домот се ракоплескаше едногласно.
Зорица Јовчева, Мартина Маџункова, Костадин Костадинов, Александар Кицев, Марија Ристовска, Даниела Јовановска, Ристе Спанџов, Александар Серафимов, Ана Илова, Леонид Гогов, Калина Ристова, Трајче Стојанов, Милка Велкова, Петар Најдовски, Катерина Ѓорѓиева, Ева Досева, Васко Белевски, Жанета Тренчева, Анастазија Голчева, Идает Сејфулов, оркестарот, хорот и балетската група на музичкото училиште давајќи се од себе искрено го заслужија аплаузот на публиката. Како корепетитор на концертот се појави професорот по пијано Ана Арангелова, , но покрај успехот на учениците вината за успешно организираниот концерт и припаѓа и на директорката Весна Арангелова која вели покрај ваков тим професори и млади музичари професионалци секое организирање на настан е предизвик сам по себе.
Милица Младенова
Додади коментар