Во јули годинава повисоки трошоците за живот
01-08-2013 ЕКОНОМИЈА
Државен завод за статистика денеска објави дека трошоците за животот во јули годинава биле посивоки за 4 проценти споредено со истиот период минатата година.
Цените на мало исто така бележат пораст од 2,5 отсто во споредба со јули 2012 година. Порастот во малопродажбата е забележан кај алкохолните пијалоци за 7,7 отсто, свежото и киселото млеко за 1,8 отсто, јајцата за 0,8 отсто и преработките од риба за 0,4 отсто. Поскапо се живее поради повисоките цени за горива, каде има пораст од 2,1 отсто, потоа пијалаците во рестораните и хотелите за 0,7 отсто и садовите и приборот за домаќинствата за 0,2 отсто.
Додади коментар