Во сообраќајка кај Росоман загина кавадарчанец
25-12-2013 ЦРНА ХРОНИКА
Четириесет и две годишниот Зоран П, рано утринава, го загуби животот во несреќата што се случи на регионалниот пат Прилеп-Градско на влезот во село Росоман.
Тој го управувал патничкото моторно возило марка „Фолсфаген поло“ кое од засега неутврдени причини преминалo на левата коловозна лента на патот и излеталo во шанец.
Зоран починал на лице место.
Увид на лице место изврши јавен обвинител и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес.
По наредба на јавен обвинител над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција./А.Д
Додади коментар