Во сообраќајка загина 19 годишно момче од Неготино
20-12-2013 ЦРНА ХРОНИКА
Деветнаесет годишниот Александар. Ј од Неготино утринава околу 4.20 часот го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случи во центарот на Неготино. Тој бил во возилото марка „Мерцедес“ управувано од Ј.А (27) исто така од Неготино. Возачот ја загубил контролата над возилото и удрил во семафорот и канделабрите на крстосницата на улиците „Маршал Тито“ и „Даме Груев“.
Од страотниот удар Александар се здобил со тешки повреди и бил пренесен во кавадаречката болница каде починал.
„До сообраќајката е дојдено поради изгубена контрола над возилото“ рече Анита Стојковска л портпарол на СВР Велес.
На местото на несреќата увид извршија јавен обвинител и екипа на СВР Велес.
А.Д
Додади коментар