Ранко Дакиќ веќе 25 години ја остварува својата кариера како ликовен уметник и скулптор во Берлин Германија а во петок на 25. септември во Галеријата на Домот на Културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци ќе го има своето прво самостојно претставување пред своите сограѓани и воопшто во Македонија. Три години по дипломирањето на Факултетот за ликовни уметности отсек вајарствио во класата на професорот Петар Хаџибошков стремежите за стекнување на нови знаења и искуства ќе го наведат да ја напушти Мкаедонија . По учеството на неколку изложби во Скопје , за време на студиите , во неколку наврати престојува во Париз, од каде во 1987 година заминува за Брелин.
Соочувајќи се со големите дела на германскиот енформел, апстрактен и фигуративен експресионизам Дакиќ ја согледува сродноста во уметничкото изразување и ја дефинира сопствената положба во новата средина. По примот во Здружението на професионални ликовни уметници од Берлин (ББК), подршката на Сенатот за култура на градот Берлин и на галеристот Михаел Шулц, добива статус на самостоен сликар и скулптор со можност да живее и твори во Брлин .
Во творештвото на Ранко Дакиќ препознаваме сликарска контемплативна еволуција на идеи и приоди, при што новите дела се надоврзуваат на претходните, здржувајќи константни белези во динамиката на неговото творештво. Можеби Дакиќ е дел од уметноста за која Пјер Растани во 80 –десетите на 20 век ќе каже дека е илустрација на културната, морална и сентиментална траума на цела една генерација“ ќе напише ликовниот критичар Владимир Величковски. За него возбудливо е да се следат творечките стремежи и слободното патување низ фасцинациите на овој уметник. Делото на Ранко Дакиќ израснува од материјалот, следејќи ја сопствената природа на спонтана и контролирана експресија со инстинктивното и рационално промислување. Отворањето на изложбата во петок е предвидено во 19 часот и 30 минути во галеријата на Домот на културата во Кавадарци.
Мирјана Мукаетова
Додади коментар