Божанка Минова претседател на ГРОМ за Кавадарци

Со 1400 членови општинската организација на Граѓанска опција на Македонија ГРОМ е втора по бројнот општинска организација во Македонија, беше речено синоќа на основачкото собрание што се одржа во Кавадарци. Божанка Минова, сопруга на поранешниот градоначалник Панчо Минов и актуелна директорка на СОЗШУ „Ѓорче Петров“ е избрана за претседател на општинската организација. Исто така синоќа беше избрано и комплетното раководство.

„Нашата цел е програмата на Граѓанската опција за Македонија да им ја приближиме на нашите сограѓани, да обезбедиме присуство на ГРОМ во сите сегменти на општествениот живот во Кавадарци со што ќе овозможиме враќање на сјајот на нашиот град“ – рече Минова.

За целите на партијата  и програмските определби, пред кавадарчани говореше нејзиниот лидер Стевчо Јакимовски.

„ГРОМ ќе се бори за рамномерен развој,  за вработување, за спорт, за проспритет.  Сакам да истакнам дека ГРОМ не е со никого, туку чекори по свој, автентичен пат, покажувајќи дека не се сложува со црно-белата реалност во Македонија. Граѓанската опција за Македонија ќе се залага за намалување на казните кои влијаат на малото и средното стопанство и на неговата одржливост и ликвидност, како и за продолжување и зголемување на субвенциите во земјоделството, но во паралела со инвестиции во инфраструктурата, мелиоративните системи и обезбедување пазари за пласман на земјоделското производство.“рече Јакимовски и упати порака до раководството на општинската организација,  да ги спроведувале програмските определби во слога.



Share

Додади коментар