Боемска вечер во Кавадарци
06-11-2013 КУЛТУРА

Штом ноќта помине и денот осамне..од песок срца две ќе направам...ова се стиховите кој некогаш кавадаречките ергени ги пееле ноќе на серенада под прозорот на саканата девојка, а синоќа ги отпеа најавувајќи ја Боемската вечер во домот на културата Зоки Дамјанов или како што го нарекуваат неговите колеги музичари Дамјанот. По неговиот вовед во вечерта на серенадата и староградската песна се редеа Роза моја,кажи Рајне и уште многу кој благодарение на препевите денес ги потпевнува и младата генерација што за жал само преку ваквите манифестации може барем бриближно да ја осети моќта на времето од серенадите.

 

Настанот синоќа имаше за цел, да ја развесели публиката, да ја насмее, отргне од секојдневните проблеми, но да ја потсети и на времето кога девојките не не добивале често дозвола од своите родители да шетаат низ корзо па саканото момче за да ја види со своето друштво тргнувало на серенада под пенџере. Во вакво време живееше синоќа публиката во домот на културата повеќе од два часа. Импровизираната меана на газда Александар Малинков, неговиот келнер Диме Коцевски, сопругата Милица Гочевска, другарите Ристо Стојанов Амиго, Ангел Тотов, Пере Пењушков,Николчо Делов,Бранко Поповски, Сефдет Сејфулов и музичарите Луда Мара, Трио Гранде, Тајфата на Дулот, Акустико, Богев Бенд, низ песна, музика и стихови потсети на испеаните серенади, непреболените љубови и доцна навечер или рано наутро тазе испржените пишии.

 

Со стихови за љубовта кон Марика која мајка и не ја давала па легнала болна на сцена пеејќи пред кавадарчани излезе и Љупчо Бубо Каров. Како гостин во меането на Малинков и изненадување за публиката предизвика вжештување на атмосферата и уште подолги аплаузи кој покажаа дека на каавадарчани им требаат вака добро осмислени културни перформанси каков што беше синоќешниот.Бубо во свој стил го извика келнерот да ги почести гостите во меането со по една пијачка на сметка на градоначалникот,а со своите пријатели Амиго и Ристо Вешков низ шала раскажа кој колку серенади.

 

испеал, каде и колку пишии јадел и кој каде заминал и колку успеал да спечали од печалба, шега која ја упати на сметка на Вешков кој исто на сцена се качи прозван како гостин кавадарчанец промотор на изворната музика во дијаспората.Газдата на меането, неговиот келнер, музичарите раскажуваа за убавото време, а нивните муабето во дело синоќа ги преточи на слика познатиот ликовен уметник Ристо Соколов Сокол. Чаршија, серенада, песни,здравици,боемска вечер за која уште долго ќе се раскажува Секој допринесе и за убавото време раскажа на свој начин.Музичарите со песна, актерите со стихови и глума, уметникот со фотографија.Публиката уживаше несомнено, а уживаа богами и јунаците на сцена судејќи по нивните здравици, пријателски прегрнувања и длабоко од душа отпеаните песни. Честитки за организаторот и оној што главно ја имат идејата. Домот на културата, градоначалникот и советот покажаа нешто поинакво од она што досега го видовме во рамки на културната есен.Дај боже да се множат ваквите настани, а зошто да не Првата боемска вечер насловена како Штом чукне ноќта, да не ја видиме со уште некое издание.    

Mилица Младенова



Share

Додади коментар