Благ пораст на цената на нафтата
20-05-2013 ПОЛИТИКА
Цената на нафтата денеска благо порасна, по позитивниот економски извештај од САД.
Американската „лесна“ нафта за испорака во јуни на Њујоршката берза порасна за 14 центи на 94,35 долари по барел, пренесе агенцијата АП. Истовремено на берзата во Лондон северноморската нафта од типот „брент“ поскапе за 5 центи на 102,56 долари.
Вчерашниот извештај кој укажува на благ пораст на оптимизмот меѓу американските претпријатија го поттикна растот на акциите на Волстрит, а тоа влијаеше и на цените на енергетските пазари.
Малопродажбата во САД во април порасна за 0,1 отсто во однос на март, што укажува на повторно јакнење на најголемата светска економија.
Додади коментар