Левица: Од ветувања за најниски цени на горивата во регионот, до 104,50 денари за дизел – Левица бара намалување на давачките за горивата, маржите и патарините

Дизелот чини 104,50 денари за литар, откако РКЕ повторно ја зголеми максималната малопродажна цена – за цели 5,50 денари во само една недела. На 11 август дизелот чинеше 91,50 денари, што значи дека за нешто повеќе од еден месец поскапе за 13 денари. Дизелот е основен трошок за транспортот, земјоделството, градежништвото, дистрибуцијата и производството. Кога […]

Богевски: ДПМНЕ панично си го мери рејтингот со народни пари, над милион евра за анкети и пропаганда

На 1 септември годинава Владата на Мицкоски склучила нов договор вреден 21,2 милиони денари за видео продукција, фотографија и комуникациска кампања за владините проекти. Компанијата која повторно ги добива стотиците илјади евра за промовирање на Владата е „Фрајдеј Комуникации“, а според јавно објавените податоци, нејзин сопственик е МК МЕДИЈА ГРУП ЕООД, компанија регистрирана во Благоевград, […]

СДСМ: Минималната кошничка речиси 90.000 денари – власта има за авион и DJ, но нема за работникот! 

Сојузот на синдикати ја направи септемвриската пресметка: синдикална минимална кошничка е скоро 90.000 денари.  За еден месец порасна околу 800 денари. Храната и пијалоците се околу 25.000.  Со кирија за стан од 60 квадрати – близу 90.000.  Студент што изнајмува стан во град, со сметки и превоз, често не го затвора месецот ни со 95.000.  […]

Петрушевски: Филипче сака плати од 600 евра, ама е против дата центри, рудници и отворање на нови работни места

Филипче сакал плати од 600 евра, ама е против дата центри, рудници и отворање на нови работни места. Му пречат дата центри, му пречат рудници, му пречат нови инвестиции и проекти. На Филипче не му пречат единствено бизнисите со марихуана на Заев и не му пречат бизнисите со кои се добива нов автомобил или пак провизија […]

СДСМ: Транспарентни 244 илјади евра во 2018 година наспроти матни 5,5 милиони евра сега – Обвинителството мора да постапи

Само една едноставна споредба која целосно ја разоткрива разликата меѓу домаќинско и криминално управување со народните пари. Во 2018 година, по повод поканата за членство во НАТО, Владата предводена од СДСМ организираше прослава во 15 градови низ целата држава. Целата прослава чинеше 244 илјади евра, платени од буџетот. Сè беше јавно и транспарентно објавено. Јавноста […]

СДСМ: Нов дебакл, странски инвестиции од само 18 милиони евра – со Мицкоски тонеме

Секој ден нов економски дебакл на Мицкоски. Македонија буквално тоне на секое поле. Податоците на Народната банка за вториот квартал од годинава покажуваат само 18,7 милиони евра странски директни инвестиции. Ова е втор најлош економски резултат години и години наназад. И двата се на арамијата Мицкоски, историски најлоши. Само 18 милиони евра странски инвестиции во […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ го создадоа и партизираа правосудството, денес нивните кадри ги штитат нивните интереси

СДС и ДУИ го создадоа и партизираа правосудството, a денес нивните кадри ги штитат нивните блиски и нивните интереси. Дозволете да потсетам на дел од нив, лица кои се блиски до структурите на СДС. Весна Дамева, која беше претседател на Судскиот совет, била член на партиската комисија на СДС. Добрила Кацарска, судијката која изрече вкупно […]

Додека Хаг осудува за воени злосторства “патриотите“ од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи“ во Македонија

Вчерашната пресуда во Хаг против поранешниот врв на ОВК повторно ја актуализира биографијата на ДПМНЕ. Додека Специјализираните совети утврдија кривична одговорност на Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи за воени злосторства, односно произволно лишување од слобода, сурово постапување, тортура и убиства, во Македонија токму владејачкото мнозинство на ДПМНЕ и ДУИ во 2011 […]

СДСМ: 1 милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ, арамијата Мицкоски ги загрозува пензиите

Арамијата Мицкоски и неговата криминална власт го доведоа Фондот за ПИОМ во сериозен ризик. Состојбата е алармантна, дупката во Фондот Мицкоски ја зголеми на 1 милијарда евра! Тоа се над 14% од целиот буџет! Во ризик е исплатата на пензиите. ПИОМ веќе не може да се полни од придонеси, криминалната банда го доведе до неодржливост. […]

Левица: Неплатено грозје, заложено вино и евтини државни кредити – Владата ја чести винарската олигархија со народни пари додека лозарите ги турка во пропаст

Годинава лозарите уште пред бербата беа ставени пред свршен чин. За вранецот немаше сигурен пласман, дел од винарниците најавуваа ограничен или никаков откуп, а производителите повторно беа оставени да гледаат како целогодишниот труд им презрева по лозјата. Наместо Владата да интервенира во корист на послабата страна, министерот Борче Серафимовски јавно призна дека, на барање на […]