ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче почнува да се губи на политичката сцена, а СДС ја претвора во маргинална партија.

Внатрепартиски раскаран, во државата Филипче за се е против, не сака инвестиции, не сака развој, не сака индустрија, рудници, дата-центри, му смета се што значи развој на земјата и подобар живот за граѓаните. Но, сепак, има нешто за што е Венко Филипче. Освен за марихуана економија, тој е и за, како што и самиот изјави, […]

Филипче до Мицкоски: Не посегнувајте по пензиските заштеди — ќе се соочите со граѓански револт!

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на прес-конференција во Собранието, заедно со пратеничката група, ја предупреди власта да не посегнува по парите од вториот пензиски столб. Тој порача дека обидот да се користат пензиските заштеди на граѓаните ќе предизвика граѓански револт. „Ги предупредувам дека ќе се соочат со граѓански револт. На крај памет да не […]

Петрушевски: На ВМРО-ДПМНЕ му одговара филмот кој Филипче го продава секој ден затоа што тоа е филм кој носи порази на СДС, нам ни останува да се грижиме за граѓаните и државата

Контрашот Венко Филипче полека, но сигурно се губи на политичката сцена. Секојдневно исти приказни, лажна загриженост, ширење паника во јавноста и секако не поминува ден без лаги. Филипче треба да разбере дека овој негов филм не поминува кај граѓаните. А зошто не поминува? Затоа што фактите постојано го демантираат. Фактите укажуваат на сосема поинаква слика […]

СДСМ: Двајца Мицкоски. Едниот рудар. Другиот протестант. Едниот на власт. Другиот во опозиција. Истиот лажго

Во 2023, додека беше опозиција, за Иловица зборуваше дека „се брани приватен интерес на сметка на колективниот интерес на граѓаните во тој регион“. “Најавуваше дека идната влада на ВМРО ќе го решава случајот. На 19 јули 2023 кажа: ако бил излажан, ќе барал поништување на концесијата. Здравје. Животна средина. Локално народ на протест. Во 2026 […]

Левица: Ново задолжување од 1,3 милијарди евра – владата на Мицкоски ги фрла идните генерации во нова должничка јама

По одлуката на Владата, Министерството за финансии започна постапка за ново задолжување од 1,3 милијарди евра на меѓународниот пазар. Мицкоски и Димитриеска-Кочоска дојдоа на власт со ветувања за намалување на јавниот долг, фискална стабилизација и економски развој преку инвестиции, производство и нови работни места. Наместо тоа, јавниот долг од нивното доаѓање на власт е зголемен […]

Петрушевски: Владата носи инвестиции и продлабочување на соработката со Вашингтон

Венко Филипче и талогот од СДС деновиве се обидуваат да покажат наводна загриженост, па предлагаат закони за земјоделците, за минималната плата, а вчера збореа биле загрижени и за пензионерите. Исто така покажуваат загриженост дека бил загрозен македонскиот идентитет, и дека Македонија била изолирана. Но, му верува ли некој на Филипче? Има ли воопшто простор да му се верува? Секако дека не! А зошто? Затоа што по сите криминали од […]

Филипче: Луѓето чекаат лекови и лекување, а власта боледувањето им го прави домашен притвор

Граѓаните се соочуваат со недостиг на лекови, несоодветни услови за лекување и огромни листи на чекање, а власта најавува контроли со кои боледувањето го претвора во домашен притвор, реагираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција. „Не може боледувањето да ви е домашен притвор. Што ќе проверува полицијата? Дали сте […]

Крмов: Најавуваме радикализација доколку не се исправи неправдата – почнуваме со иницијатива за укинување на платеното политичко рекламирање

Пратеничката група на Левица ќе поднесе повеќе измени на Изборниот законик со кои ќе бара отстранување на нерамноправностите во изборниот процес, а првата иницијатива ќе биде за укинување на платеното политичко рекламирање. Ова следува по одлуката на Уставниот суд да ја отфрли иницијативата на Левица и да не расправа за одредбите од Изборниот законик со […]

СДСМ: Мега скандал- Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски!

Во Америка има закон. Ако некој однадвор плаќа лобист да работи кон американски функционери, тоа се пријавува. Се вика FARA. Регистар бр. 6170. Таму пишува: американската куќа Mercury Public Affairs ја плаќа фирма од Скопје – АТС Груп ДООЕЛ. Приватна фирма. Значи не ја плаќа Министерството за надворешни, владата…. Ја плаќа приватна компанија за муниција, […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче со лажна грижа и демагогија

СДС и Филипче глумат загриженост за граѓаните, за платите и животниот стандард но граѓаните паметат и се уште ги чувствуваат последиците и од владеењето на СДС кога ги ограбија граѓаните а државната каса ја опустошија. Граѓаните добро паметат и за министерувањето на Венко Филипче и бројните скандали со милионски суми. Венко Филипче повторно се обидува […]