Левица: Парното поскапе двапати за осум месеци, а Мицкоски пљачката ја прекрсти во „најниска цена во регионот“

Во 2022 година, Мицкоски тврдеше дека поскапувањето на парното е пљачка на граѓаните, дека е последица на лоповлук и дека семејствата ќе плаќаат и до 120 евра повеќе годишно. Денес, кога Мицкоски е премиер, за само осум месеци им приреди на скопјани две последователни поскапувања – 5,9% од декември 2025 година и нови 5,96% од […]

Левица: Мицкоски ветуваше економска стабилност, а сега позајмува од М-НАВ и МЕПСО

Додека во Собранието се расправа за ребалансот на Буџетот, Владата потврди дека се задолжува кај М-НАВ, МЕПСО, Државна лотарија и ЈП за државни патишта. Како причина за ова задолжување се наведува враќањето на долговите кон кинеската банка за автопатите, што претставува уште еден показател за сериозните проблеми со ликвидноста на државниот буџет. Владите во последните […]

Петрушевски: Другарите на Филипче треба час поскоро да разберат дека лагите кои ги кажуваат за Гостивар се на нивна штета

Со денови сведочиме како СДС на Венко Филипче и неговите другари, шират лаги за скандалот со водата во Гостивар. И, не само што шират лаги, покажуваат и непознавање на тоа како функционира системот и кој за што е надлежен, барајќи одговорност на погрешна адреса. Да ги информираме, ако не знаат или да ги потсетиме ако […]

(Видео) Мицкоски ги окупира медиумите – започнува медиумскиот мрак, како што предупредувавме

Медиумскиот мрак во Македонија започнува токму онака како што предупредувавме. Медиуми веќе објавуваат дека српски медиумски играчи влегуваат на македонскиот медиумски пазар. Групата „Ало“, поврзана со „Информер“ и другите провладини медиуми од Србија, пристигнува во Скопје. Ова е дел од планот за целосна контрола врз информирањето, за кој СДСМ постојано предупредува. Политиката ја спроведува Христијан […]

СДСМ: Како што најавивме – во буџетот нема пари

Владата позајмила пари не само од М-НАВ, туку и од Лотарија и од МЕПСО за да го враќа кредитот кон кинеската банка. Владата донесе одлука да земе краткорочен заем од 7 милиони евра од Македонска навигација. Ова е уште еден јасен доказ дека во буџетот нема пари.  Затоа Христијан Мицкоски со денови бараше алиби за […]

ВМРО-ДПМНЕ: Бројките потврдуваат дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ неуморно работи да го подобри секторот земјоделство

Во изминатите две години, откако Владата го стабилизира секторот земјоделство, приоритет станаа капиталните инвестиции, модернизацијата и изградбата на институција која функционира. Затекнати беа блокирани проекти како кредитот од германската KfW банка од 80 милиони евра кој стоеше нереализиран пет години, а кредитот од Светска банка за модернизација на земјоделството имаше реализација под 10%. Денес, изградбата […]

СДСМ: Започнува медиумскиот мрак – токму како што најавивме

Медиум открива дека српски медиумски играчи влегуваат во медиумскиот простор во Македонија. Токму како што најавивме.Започнува медиумскиот мрак. Го спроведува Вучиќ преку Мицкоски. За целата пропагандна мрежа е задолжен Драган Павловик – Латас, соработник на српските служби. А за Евроњуз, кој доаѓа со лиценца од Вучиќ ќе биде задолжена Ивона Талевска, долгогодишен партнер на Латас. […]

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко и СДС да побараат одговорност од градоначалникот на Гостивар

СДС денес го испрати мали Фрчко, да дели совети за како треба да се прослави независноста на државата, а не му кажаа да побара одговорност од Валбон Лимани. Во ниту еден момент од СДС не побараа одговорност од градоначалникот на Гостивар, за скандалот кој се случи со водата, и продолжуваат да го заобиколуваат Лимани. Во […]

(Видео) СДСМ бара 5 милиони евра од прославата со пејачи да се пренаменат за чиста вода за граѓаните

Водата веќе не е за пиење во 7 населени места во Македонија. Гостивар, Валандово, Крушево, Пласница, Прилеп, Лешок, Преглово. Прашање е кој град е следен. Бидејќи изворот Студенчица го користат и Кичево, Македонски Брод, Долнени  ризикот е дека и за овие места водата може да биде загадена. Мицкоски отвора базени додека во седум населени места […]

СДСМ: ВМРО-ОКГ се фали со извоз на земјоделски производи – земјоделците сами ги постигнаа резултатите

ВМРО-ОКГ денеска се фали со извоз на земјоделски производи од 417 милиони евра. Тие резултати ги остварија земјоделците. Сами. Со мака. Без вистинска поддршка од државата. Каква врска има ВМРО-ОКГ со тоа? Субвенциите доцнат или ги нема. Откупот е намален. ИПАРД беше блокиран затоа што директорот од нивните редови беше уапсен. Немаше мерки против поскапувањето […]