Од 17 до 97 години се новите позситивни на ковид 19 дијагностицирани во Тиквешијата во изминатото деноноќие, покажува статистиката на Центарот за јавно здравје Кавадарци.
„Во Кавадарци има 30 нови случаи, пет во Росоман, десет во Неготино и 2 во Демир Капија“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
На ковид одделот во кавадаречката болница до вчера се хоспитализирани вкупно 39 пациенти и како што информира директорот на болницата сите се во стабилна општа состојба.
Од почетокот на пандемијата во Кавадарци заклучно со вчера се дијагностицирани 1994 позитивни на вирусот, а во моментов активни се 578 случаи. Во Неготино од 961 активни се 338 случаи.
А.Д