Започна новата учебна година

Започна новата учебна година

Учебната 2013/2014 година денеска започнува за над 200.000 основци, а околу 20.800 првпат ќе седнат во училишните клупи.Во Кавадарци започна школувањето за новите 350 првачиња. Денеска се чини нај радосни но во исто време и нај збунети беа токму тие. За нив секое од основните училишта имаше организирано свечен прием. Страшо Пинџур, Тоде Хаџи Тефов, Тошо Велков Пепето, Димката Ангелов Габерот Кавадарци и Ваташа, Гоце Делчев сите основни им се радуваа на првачињата, а дека образованието не е само лекции и задачи им покажаа со организираните културно уметнички програми.Официјално добредојде и желби за големи успеси на првачињата им посакаа директорите на училиштата, а ги пречекаа и на првиот училишен час ги зедоа нивните наставници.Во Кавадарци за прв пат во училишните клупи денеска седнаа 50 првачиња во Димката Ангелов Габерот Кавадарци, 62 во Тошо Велков Пепето, 23 во Димката Ангелов Габерот Ваташа, 73 во Тоде Хаџи Тефов, 51 во Страшо Пинџур и 89 во ОУ Гоце Делчев.

Од Министерството за образование информираат дека над 90 % од сите подготвителни активности, санации и реновирања се готови, но и редовната подготовка низ училиштата е во завршна фаза. Обезбедени се комплетно нови учебници од прво до трето одделение и корекциите на учебниците кои се пријавени како уништени.Новина за наставниците во 2013/2014 година е што задолжителниот електронски дневник ќе го водат седмично, наместо дневно, согласно со дополнетиот Закон за просветна инспекција.Во завршна фаза потврдуваат од министерството е и договорот со издавачката куќа на универзитетот Кембриџ за превод и адаптација на учебници од природните науки за основното образование, што е овозможено со дополнувањето на Законот за учебници и на Законот за Бирото за развој на образованието. Инаку денеска освен наставниците и родителите будно првиот училишен ден го следеше и МВР.

Имено во Кавадарци во рамките на проектот полицаец за секое училиште кој од кавадаречката полиција потврдуваат продолжува и оваа учебна година денеска по еден униформиран полициски службеник во секое училиште во Кавадарци будно ја следеше безбедносната состојба. Од полицијата оддел за превенција велат ваквата комуникација и соработка со училиштата и учениците ќе трае интензивно во текот на целата учебна година со цел времето во училиште учениците да го поминат безбедно и без насилство.

 Mилица Младенова