ОО на ЦК Кавадарци за следната недела ја најавува доброволната крводарителска акција за граѓанството. Истата е во рамки на планот за крводарување, а ќе биде реализирана во просториите на кавадаречкиот црвен крст.
Сите граѓани и крводарители кој сакаат да дадат крв и да ја покажат својата хуманост црвениот крст ги информира дека акцијата ќе се реализира во термин од 9 до 14 часот, а ќе ја спроведува екипата на институтот за трансфузиона медицина. Од организаторот дознаваме дека за секој доброволен крводарител на акцијата ќе следува бесплатана биохемиска анализа.
Ваквата постапка полека поминува во традиционална.Често црвен крст и институтот почнаа да ја практикуваат биохемиската анализа целосно бесплатна за нашите дарители со цел да им излеземе во пресрет и да им помогнеме без никаков надомест да направат практично една редовна здравствена контрола вели Розе Илова секретар на црвениот крст.Илова очекува голем одзив од граѓаните на акцијата закажана за вторник.
M.Mладенова