Одбележани 70 години од формирањето на првата македонска дивизија

Одбележани 70 години од формирањето на првата македонска дивизија

Во кавадаречкото село Шешково денеска се одбележаа 70 години од формирањето на првата македонска дивизија која броела 1225 борци и старешини претежно од тиквешијата

 

На спомен обележјето во селото Шешково, кое сведочи за формирањето на првата македонска дивизија пред седумдесет години,  денеска делегации од боречките организации на Кавадарци и Неготино и претставници на месната заедница положија свежо цвеќе.

 

За дејствувањето на дивизијата во повеќе битки и придонесот во ослободувањето, пред присутните говореше секретарот на Сојузот на борци Кавадарци, Илија Браов. Тој нагласи дека дека формирањето на дивизијата бил е еден од најзначајните настани во развојот на Народноослободителната војна во Македонија. Борците од дивизијата учествувале во битките за ослободување на Прилеп, Кичево и други населени места во земјава.

А.Д