Шеќеринска од Кавадарци: „ Не може земјоделието да зависи од тоа кога во Македонија ќе има избори“

Шеќеринска од Кавадарци: „ Не може земјоделието да зависи од тоа кога во Македонија ќе има избори“

Заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шеќеринска вчера попладне со раководството на ОО Кавадарци беше на Гроздобер. Се сретнаа со кавадарчани, а во изјавата за медиумите таа на лозарите им посака среќен Гроздобер , успех и подобри денови.

 

„Не може земјоделието да зависи од тоа кога во Македонија ќе има избори. Поплаките коишто ги чувме и денеска во Кавадарци се дека еден голем процент од субвенциите, коишто требаше да бидат целосно исплатени до крајот на јуни, сеуште доцнат, не се исплатени“ рече меѓу другото Шеќеринска, а одговори и на новинарски прашања Какво ќе биде дејствувањето во услови кога СДСМ е  надвор од Парламентот и како локалното раководство се справува со проблемите.

A.Д