Околу 80 возила ќе можат да се паркираат во новиот модуларен паркинг што од вчера е во функција во Кавадарци. На свеченост по повод денот на ослободувањето на градот општинското раководство го предаде во употреба.
Овој современ паркинг ќе даде придонес во намалувањето на проблемот со паркирање кој го има Кавадарци.
Градоначалникот Александар Панов рече дека до нова година паркирањето ќе биде бесплатно, а потоа за паркирање ќе се наплаќа симболична цена.
А.Д