Нови сообраќајни знаци се поставуваат во Кавадарци. Денеска се работеше на повеќе локации. Ќе се постават 81 табла со имиња на улици, 11 патоказни табли, 5 сверни огледала. Ќе бидат поставени вкупно 302 сообраќајни знаци, информираа денеска од локалната самоуправа.
Две сверни огледала се поставуваат на улицата „Вардарска“ на спојот со соседните улици, едно кај „Партизан“, едно кај „портокалот“ и едно на спој на локалниот пат кон село Ресава со регионалниот пат Кавадарци-Прилеп.
Оваа активност е покриена со 600.000 денари, пари од општинскиот буџет, а изведувач е фирмата „Виа Сигнал“ од Скопје.
А.Д