Во Кавадарци се избираше лидер во струка

Во Кавадарци се избираше лидер во струка

За првпат во земјава се организираше натпревар од кој треба да се добие најдобриот, најталентиран ученик или лидер на струка од економско-правната и трговска струка. Се натпреваруваа ученици од 8 училишта во земјава. Своите знаења ги покажаа учениците од Кавадарци, Велес, Гостивар, Струмица, Гевгелија, Прилеп, Охрид и Струга.

 

Добредојде на учениците и успех во натпреварувањето од името на домаќинот, гимназијата „Добри Даскалов“ им посака директорката на училиштето, Невенка Поп-Ангелова.

 

„Проектот  `лидер  во струка`  е дел од програмата за работа на владата 2014-2018, а се организира од страна на МОН и Центарот за стручно образование и обука кој е задолжен за развој и унапредување на стручното образование. Економско правната и трговска струка е една од најатрактивните струки во стручното боразование. Се реализира првиот избро на лидер во струката, односно најдобриуот ученик ке се здобие  со титула лидер во економско правна и трговкса струка. Учесници се учениците кои се најдобро рангирани на училишните натпревари, кои се реазлизираа во претходните фази и се всушност од трите  профили во економско правна и трговска струка – економски техничар, правен техничар и деловен секретар.  Целта е учениците да ги покажат своите знаења, вештини, способности, да се оценат и вреднуваат и рангираат нивните компетенции. Најдобрите, најталентрианите во трите области ќе се стекнат со титула `лидер во струката`, а воедно и нивниот ментор ќе биде награден со соодветно признание“ рече  Елизабета Јовановска-Радановиќ советник во економско правно трговска струка во Центар за развој на стручно образование.

Ангел Данов