Рестрикциите даваат резултати: Се намалува бројот на нови позитивни во Тиквешијата

Рестриктивните мерки ги дадоа очекуваните резултати. По значително намалување на бројот на нови позитивни на корона вирус се евидентира во изминатата недела во тиквешкиот регион. Помал е бројот и на хопситализирани пациенти кои се лекуваат во ковид одделот на кавадаречката болница.

 

Во периодот од 1 до 10 април во Кавадарци имаше 355 заразени со ковид 19, а битката со вирусот во овој период ја загубија 17 граѓани. Во наведениот период во Тиквешијата вкупниот број на нови заразени достигна 506, а на починати лица 25.

 

Во периодот од 11 до 18 април во Кавадарци има 218 нови дијагностицирани  и седум мина починати, додека во Тиквешијата вкупниот број на нови заразени беше 297 и 10 починати.

 

Ова покажува дека последната недела се бележи по значително намалување на нови позитивни.

 

Заклучно до вчера на ковид одделението во болницата во Кавадарци се хоспитализирани 55 пациенти.

 

И покрај намалувањето на бројот на нови ковид случаи во тиквешкиот регион,  сепак лекарите препорачуваат и понатаму граѓаните максимално да ги почитуваат превентивните мерки.

Комисијата за заразни болести препорача рестриктивните мерки да останат на сила и во наредните седум дена, за што конечна одлука треба да донесе владата на утрешната седница.

A.Д