Ќе се уредува паркот пред гимназијата во Велес

Ќе се уредува паркот пред гимназијата во Велес

Нов лик ќе добие паркот пред гимназијата. Јавното комунално претпријатие дервен изработи проект за реконструкција на зелената површина. Тој предвидува поставување на нова урбана опрема – клупи, корпи за отпадоци, ново осветлување и пешачки патеки. Според предлог планот, обновата на парковата површина ќе чини над 2 милиони денари..

 

Инаку годинава, комуналното „Дервен“ планира да работи и на одржување на останатите зелени површини во градот.. така во текот на целата година ќе се грижи за ликот на паркот пред општината, во училиштето васил главинов, офицерскиот и младинскиот парк..

 

Според програмата, комуналното дервен ќе одржува зелени површини од над 150 илјади метри квадратни.. за оваа намена се предвидени скоро 20 милиони денари.

З.Јаневски