„Заштити го твојот дом“ превентивна акција на кавадаречката полиција

Отсекот за превенција при полициска станица Кавадарци денеска ја реализираше втора по ред за овој месец превентивна акција за едукација на граѓаните, а  под мотото ,,заштити го твојот дом,, Првата ваква акција беше реализирана во новиот центар на Кавадарци каде побројни се стамбените згради и каде статистички има најмногу тешки кражби во станови, додека денешната акција се реализираше во централното градско подрачје со намера дека ефектот ќе биде поголем како резултат на пазарниот ден и големата раздвиженост на гражани од речиси сите делови на Кавадарци.

 

Преку оваа превентивна кампања со подршка на ОБСЕ со која се поделија голем број на флаери и привезоци за клучеви се предупредуваат граѓаните да внимаат и да го обезбедат својот дом посебно кога се подолг период отсутни од дома. Полицијата односно отсекот за превенција апелира дека особено важно е да не се оставаат дома поголема количина на пари-кеш, златен накит и вредни предмети,да се провери добро дали сите врати и прозорци се затворени, да не се пишува на социјалните мрежи дека сте заминати на одмор или зимување во или надвор од државата, а клучот од домот или станот да се довери на близок роднина или сосед.

 

Покрај овие може да се користат и различни технички уреди, аларми, светилки на тајмер и др.Инспекторите за превенција се категорични, ако се внимава и води сметка, ако се почитува се што погоре се спомена безбедноста ќе биде поголема, а домот заштитен и безбеден.

М.Младенова