Крводарителска акција во В.В „Тиквеш“

Крводарителска акција во В.В „Тиквеш“

Денеска во ВВ Тиквеш Кавадарци беше реализирана првата доброволна крводарителска акција за работните организации годинава. Организатори на акцијата се ОО на Црвен Крст Кавадарци и Институтот за трансфузона медицина во соработка со компанијата која е една од неколкуте соработници во рамки на доброволното дарување крв. Право да даруваат крв имаа сите вработени кои се чувствуваат здрави, но и психички спремни за дарување.

 

Крвен притисок, ниво на хемоглобин во крвта, телесна тежина и денеска се испитуваше здравствената состојба на потенцијалните дарители пред истите да преминат на дарување крв. Интересот беше голем, а очекувањата на организаторот исполнети. ВВ Тиквеш ја почна хуманоста од работните организации.На ова поле долгогодишни соработници се и Алијанска уан, како и Фени индустри.

М.Младенова