(ВИДЕО) Јанчев на средба со невладините организации во Кавадарци

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев денеска имаше работна средба со претставници на невладините организации во општината. На оваа средба се бараа начини за зајакнување на капацитетите на невладиниот сектор.

 

„Граѓанскиот сектор на општината, а и мене лично како градоначалник, ни е важен сегмент во нашето градско урбано живеење. Без силно граѓанско општество – нема ни демократиja- рече Јанчев.