Доделени дипломите на петата генерација студенти на МСУ во Свети Николе

Доделени дипломите на петата генерација студенти на МСУ во Свети Николе

Околу триста студенти на факултетите за психологија, менаџмент на организации, финансии, информатика и безбедносно инжинрство при универзитетот „Гаврило Романович-Державин“ во Свети Николе вчера на денот на сесловенските просветители, Ќирил и Методија ги добија дипломите за завршено високо образование. На оваа свеченост беше беше промовирана и третата генерација на дипломирани магистри на факултетите за психологија и економија. 

Ректорот, проф. Д-р  Душан Николовски им го честита дипломирањето на студентите и им посака успех во градењето на кариера.

 

Вчера беше промовирана и третата генерација на магистри по психологија и економија. На  свеченоста беше истакнато дека Меѓународниот славјански универзитет остварува континуирана соработка во делот на  размена на студенти и професори,  со цел за подигање на квалитетот на образованието  и можност за компарации  и истражување во различни научни програми и икуства. Една таква соработка успешно продолжува со Тамбовскиот универзитет кој го носи името на Гаврлио Романович-Державин. МСУ е единствен факулктет каде студентите можат да се стекнат со двојни димплми, македонска и руска.

 Проф д-р  Милтон Вајнрајт кој   работи во одделот за  Молекуларна биологија и биотехнологија на универзитетот Шефилд  и виш предавач и  визитинг професор на универзитет во Саудиска Арабија со одлука на ректорската управа и сенатот  ја доби титулата почесен професор на МСУ „Гаврило Романович-Державин“. Проф д-р Вајнрајт за својата истражувачка работа досега има добиено 52 награди и признанија,  што го става во врвот на светските научници по микробиологија, биотехнологија и астробиологија. Титулата му ја врачи ректорот, проф. Д-р  Душан Николовски.

 

Свеченоста заврши со симболично фрлање на капите на студентите, фотографирање, а беше пресечена и торта во чест на новите дипломирани студенти. Универзитетот „Гаврило Романович-Державин“ постои 11 години  и досега високо образование на оваа установа завршиле над 1500 студенти.

Aнгел Данов