Гимназијалците од Кавадарци донираа за Дневниот центар за лица со посебни потреби

Гимназијалците од Кавадарци донираа за Дневниот центар за лица со посебни потреби

Учениците од гимназијата „Добри Даскалов“ поддржани од директорката Јасминка Чулева и ментор Елизабета Иговска реализираа хуманитарна акција. Собраните средства ги наменија за донација на електричен шпорет, цд плеер и електрична цедалка за потребите на Дневен центар за лица со посебни потреби во Кавадарци.

 

Акцијата е по повод меѓународниот ден на лицата со посебни потреби -3 декември и новогодишните празници. Секој корисник во дневниот центар  доби и новогодишно пакетче. Ваква хуманитарна акција се реализира секоја година.

 

„Да бидеме поодбри со убави мисли и насмевки за сите!“ е пораката од гимназијалците во Кавадарци.