Два нови случаи на корона вирус во Кавадарци

Два нови случаи на корона вирус во Кавадарци

Нови два случаи позитивни на ковид 19 се дијагностицирани во Кавадарци, потврдија од Центарот за јавно здравје.

 

„Станува збор за жена на возраст од 67 години. Имала благи симптоми и затоа е извршено тестирање, кое покажа дека е позитивна. Позитивен  е и маж на возраст од 44 години. Работел во „Дрекслмајер“. Работниците од линијата каде работел тој се веќе испуштени“ рече за КТВ епидемиологот од Центарот за јавно здравје Кавадарци, д-р Ристе Јовановски. 

Во моментов се работи на утврдување на контактите на новите двајца позитивни во Кавадарци. 

 

А.Д