Започна реконструкцијата на ул.„ Народна младина“

Започна реконструкцијата на ул.„ Народна младина“

Започна со реализација проектот за реконструкција на ул.Народна младина. Во првата фаза ќе се изврши гребење на стариот асфалт и поставување на рабници – информираат од локалната самоуправа.

 

Во наредна фаза ќе се изврши и асфалтирање на улицата и поплочување на тротоари. Овој проект опфаќа асфалтирање на ул.Егејска, ул.Бел Камен, ул.Индустриска и ул.Народна младина.

 

Проектот е со вредност од 11 244 194 денари и целосно ќе се реализира до крајот на овој месец.