Приведен жител на Бегниште, полицијата при претрес му одзела три ловечки пушки и муниција без дозвола

Приведен жител на Бегниште, полицијата при претрес му одзела три ловечки пушки и муниција без дозвола

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кавадарци вчераутро го лишија од слобода 51-годишниот Ц.Д. од кавадаречкото село Бегниште, откако при претрес во неговиот дом било пронајдено нелегално оружје и муниција.

Според информациите од полицијата, акцијата била спроведена на 17 ноември во 09:40 часот, по претходно обезбедена судска наредба од Основниот суд во Кавадарци. При претресот во домот и помошните простории на осомничениот биле пронајдени и одземени:

  • еден ловечки карабин со оптички нишан и пет куршуми;
  • уште еден ловечки карабин со четири куршуми;
  • една ловечка пушка со пет куршуми;
  • 14 ловечки патрони и шест куршуми за кои не поседувал соодветна документација.

Осомничениот Ц.Д. е приведен во полициска станица, а за случајот е известен надлежен јавен обвинител. Од полицијата најавуваат дека по целосното документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.