Интензивни градежни работи: Се гради новиот мост преку Луда Мара во село Марена вреден 12 милиони денари

Интензивни градежни работи: Се гради новиот мост преку Луда Мара во село Марена вреден 12 милиони денари

Со засилено темпо продолжуваат градежните активности за изградба на новиот мост преку реката Луда Мара во село Марена. Проектот се наоѓа во напредна фаза на реализација, а работите на терен се одвиваат со континуиран напредок.

Инвестицијата е во вредност од 12 милиони денари, обезбедени преку финансиска поддршка од Министерството за транспорт.

Технички карактеристики на новиот мост:

  • Две коловозни ленти за непречено одвивање на сообраќајот
  • Тротоари поставени од двете страни за безбедно движење на пешаците
  • Вкупна ширина од 8,5 метри

Со реализацијата на овој значаен инфраструктурен проект се овозможува побезбедно и поефикасно одвивање на сообраќајот, подобрена меѓусебна поврзаност и современи услови за сите учесници. Надлежните порачуваат дека продолжуваат со инвестициите во модерна и безбедна патна инфраструктура со цел подобар квалитет на живот на граѓаните.