Градоначалникот Јанчев на терен: Започнуваат јавните расправи за буџетот и програмите на Општина Кавадарци за 2027 година

Градоначалникот Јанчев на терен: Започнуваат јавните расправи за буџетот и програмите на Општина Кавадарци за 2027 година

Од утре, петок (30 октомври), Општина Кавадарци започнува серија средби и јавни расправи со жителите од сите урбани и месни заедници, со цел директно вклучување на граѓаните во подготовката на годишните програми за 2027 година.

На средбите ќе присуствува градоначалникот Митко Јанчев, придружуван од претставници на општинските служби, локалната самоуправа, ЈП „Комуналец“ и други релевантни институции, кои низ непосреден разговор ќе ги сослушаат сите предлози, потреби и приоритети на кавадарчани.

Општина Кавадарци упатува отворен апел до сите жители за активно учество и креирање на идниот развој на заедницата.

РАСПОРЕД НА ПОСЕТИ И ЈАВНИ РАСПРАВИ

ПЕТОК (30.10.2026)

  • 17:00 – 17:30 | УЗ „Браќа Досеви“ (ТХТ, главна порта)
  • 17:30 – 18:00 | УЗ „Задругар“ (ул. Ѓоре Брушански, спој со Црноречка, кај Ликам)
  • 18:00 – 18:30 | УЗ „Слога“ (Ваташка градинка)
  • 18:30 – 19:00 | МЗ Ваташа (Домот)

САБОТА (31.10.2026)

  • 11:00 | Ресава
  • 11:45 | Дабниште
  • 12:30 | Бегниште

ПОНЕДЕЛНИК (02.11.2026)

  • 17:00 – 17:30 | УЗ „Ќиро Крстев“ (старо „Цеци Пром“)
  • 17:30 – 18:00 | УЗ „Браќа Џунови“ (Кеј, кај манастирчето)
  • 18:00 – 18:30 | УЗ „Страшо Пинџур 1“ (трансформаторот на ул. Глигор Прличев)
  • 18:30 – 19:00 | УЗ „Страшо Пинџур 2“ (ул. Рајко Жинзифов, кај детското игралиште – кај Лиса)

ВТОРНИК (03.11.2026)

  • 17:00 – 17:30 | УЗ „Љубаш 1“ (пред УЈП)
  • 17:30 – 18:00 | УЗ „Љубаш 2“ (кај Пожарната)
  • 18:30 – 19:00 | УЗ „Кула 1“ (парк „Полана“)
  • 19:00 – 19:30 | УЗ „Кула 2“ (кај Белка, новиот кружен тек)

СРЕДА (04.11.2026)

  • 17:30 – 18:00 | Глишиќ (продавницата кај Јовче)
  • 18:10 – 18:40 | Марена (кај споменикот на Блашко Толев)
  • 18:50 – 19:20 | Сопот (училишниот двор)

ЧЕТВРТОК (05.11.2026) – Голема сала на Општина Кавадарци(Од 12:00 до 15:00 часот, термини на секои 30 минути)

  • Населени места: Радња, Бунарче, Гарниково, Драгожел, Рожден, Клиново, Бојанчиште, Мајден, Фариш, Ќесендре, Горна Бошава, Долна Бошава и Крњево.

ПЕТОК (06.11.2026) – Голема сала на Општина Кавадарци(Од 12:00 до 15:00 часот)

  • Населени места: Брушани, Дабниште, Раец, Галишта, Ресава, Бохула, Мрежичко, Куманичево, Шешково, Шивец, Чемерско, Страгово и Конопиште.

САБОТА (07.11.2026)

  • 12:00 | Дреново
  • 13:00 | Возарци (пред аптеката, кај Саво)