Македонија се наоѓа на самиот врв во светот според процентот на пушачи меѓу возрасното население, покажуваат податоците од рангирањето на „World of Statistics“, базирано на истражувањата на „World Population Review“.
Според објавената листа, дури 39,5 отсто од луѓето постари од 15 години во Македонија се конзументи на тутунски производи, што ја става земјата пред сите останати во глобални рамки.
Веднаш зад Македонија на листата се наоѓаат:
- Тимор со 38,2%
- Либан со 37,2%
- Бугарија и Србија со по 35,8%
- Црна Гора со 33,6%
Меѓу останатите европски и светски земји, висока стапка бележат и Хрватска (32%), Франција и Турција (по 30%), додека Шпанија се наоѓа на 18-то место со 25% пушачи. Овие податоци уште еднаш го алармираат високото ниво на употреба на тутун во регионот и потребата од поефикасни јавни политики за заштита на здравјето.