Показна вежба за постапување во случај на пожар (видео)

Показна вежба за постапување во случај на пожар (видео)

Во Кавадарци успешно беше реализирана показна вежба за евакуација и постапување во случај на пожар во Гимназијата „Добри Даскалов“.   Учениците и вработените во училиштето покажаа висока подготвеност, присебност и координација при реакција во кризни ситуации.

Вежбата се спроведе во организација на Територијалната противпожарна единица Кавадарци, а во тесна соработка со Општата болница Кавадарци, Црвениот крст, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и ОВР Кавадарци.