Напредува изградбата на современиот Картинг центар во Кавадарци

Напредува изградбата на современиот Картинг центар во Кавадарци

КАВАДАРЦИ, 28 септември 2026 – Градежните активности за изградба на новиот Картинг центар во Кавадарци се одвиваат со засилен интензитет. Со секоја завршена фаза, градот се доближува до добивање современа спортско-рекреативна атракција која значително ќе ја збогати локалната понуда.

Проектот се реализира на комплетна површина од 2.700 квадратни метри, каде што се гради модерна картинг патека опремена со сите потребни придружни објекти. Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 35.247.407 денари, а средствата се обезбедени преку вториот повик од Владата.

На терен веќе јасно се гледаат новите контури на комплексот, кој во блиска иднина треба да стане главно место за собир и забава на младите, љубителите на автомобилизмот и спортските ентузијасти.

„Со секоја завршена фаза сме чекор поблиску до нова атракција која ќе ја збогати туристичката понуда на Кавадарци и ќе создаде уште едно место за спорт, рекреација и забава“, истакнуваат од општинските власти.

Изградбата на Картинг центарот е уште еден доказ за континуираниот развој на Кавадарци преку вложување во нови содржини, спортска инфраструктура и можности за идните генерации.

А.Д