Нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка било регистрирано синоќа во Неготино, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот бил пријавен на 9 септември 2026 година, околу 22:00 часот, во полицијата во Неготино. Според пријавата, на улицата „Браќа Миладинови“ дошло до физички пресметки во кои учествувале три лица: од едната страна бил 31-годишниот К.С. од Неготино, додека од спротивната страна учествувале Н.М. (45) од село Градско и У.М. (31) од Кавадарци.
По полициската интервенција, преземените мерки и извршените проверки на терен, утврдено е дека 31-годишниот неготинчанец К.С. бил под значително дејство на алкохол. При алкотестирањето кај него биле измерени 1,89 промили алкохол во крвта.
Од полицијата истакнуваат дека работат на целосно расчистување и документирање на случајот, по што против учесниците во инцидентот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
фото: ВИ