Девет нови случаи на Ковид 19 во Кавадарци, еден во Неготино

Десет нови случаи на корона вирус се дијагностицирани денеска во Тиквешијата. Од центарот за јавно здравје информираа дека девет лица се позитивни од Кавадарци, а едно лице е од Неготино. Сите дијагностицирани се на возраст од 18 до 46 години.

 

„Дел од новите позитивни се контакти на веќе позитивни лица, а друг дел немале контакт со позитивен на корона вирус. Поголемиот дел од денешните случаи се на домашно лекување“ рече епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

 

Во денешната статистика објавена од министерството за здравство,  се впишани осум случаи во Кавадарци. За да нема забуна,  еден резултат е добиен подоцна и затоа денешната статистика од кавадаречкиот центар за јавно здравје покажува девет позитивни во Кавадарци.

 

А.Д