Неколку дена во континуитет во Кавадарци расте бројот на позитивни на Ковид 19. Денеска се дијагностицирани уште шест нови пациенти со корона вирус, потврдија од Центарот за јавно здравје Кавадарци.
„Новите случаи се на возраст од 38 до 63 години. Петмина се на домашно лекување, еден е хоспитализиран“ рече за КТВ, епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
Тој апелира до сите граѓани да бидат максимално одговорни, да носат заштитна маска или да одржуваат растојание. Исто така за одговорно однесување се апелира и до младите. Да се избегнуваат дружби без заштитна опрема.
А.Д