За вкупно 282 првачиња од оваа општина Кавадарци денеска започна ново, возбудливо поглавје во животот. Споредено со минатата учебна година се бележи намалување од 27 првачиња. Основните училишта ширум Кавадарци им приредија топло добредојде и свечен прием, посакувајќи им среќен почеток и успешна училишна година исполнета со знаење, другарство и нови успеси.
Свечен прием беше приреден и за учениците кои го започнаа средното образование во трите средни училишта во Кавадарци.
Во продолжение пренесуваме дел од атмосферата во кавадаречките училишта на првиот училиштен ден.