МОН: Страшен демографски пад – Во септември ќе има околу 4.900 првачиња помалку од лани

МОН: Страшен демографски пад – Во септември ќе има околу 4.900 првачиња помалку од лани

Бројот на запишани ученици и студенти продолжува драстично да опаѓа, а најкритична е состојбата во основното образование, алармираше денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Иако бројките сè уште не се дефинитивни поради претстојните уписни рокови, првичните анализи покажуваат поразителен тренд. Според Јаневска, дури и со дополнителните запишувања, учебната година ќе започне со најмалку 3.000 до 4.900 првачиња помалку во споредба со минатата година.

Покрај демографскиот пад во основните и средните училишта, министерката ги посочи и дефицитите во високото образование и пазарот на труд:

Има сериозен недостаток од кадар по математика, физика и географија, а во одредени региони проблем станува и македонскиот јазик. За овие насоки МОН веќе обезбедува повисоки стипендии. Највисок процент на вработеност (над 90%) бележат дипломците од информатика, електротехника, машинство и економија.

Поради намален интерес и презаситеност кај општествените науки, јавната администрација и политичките науки, МОН ги ревидираше и намали уписните квоти на факултетите со цел нивно усогласување со реалните потреби на пазарот.

Министерството очекува овој негативен демографски тренд да продолжи и во следната година.