Во рамките на овогодишното „Кавадаречко културно лето“, денеска во прекрасниот и спокоен амбиент на манастирот „Св. Никола“ во Моклиште се одржа традиционалната Ликовна колонија, реализирана во успешна соработка со Здружението на роднокрајци.
Настанот собра голем број уметници и љубители на уметноста, кои на своите платна ја преточија природната убавина, духовноста и богатото културно-историско наследство на овој препознатлив кавадаречки локалитет.
Од организацијата упатија искрена благодарност до сите учесници и соработници кои со својата инспирација и креативност придонесоа за реализација на уште еден успешен културен настан, збогатувајќи ја летната културна понуда во Кавадарци.


