Целосно реализиран проектот за енергетска ефикасност во СОЗШУ во Кавадарци

Целосно реализиран проектот за енергетска ефикасност во СОЗШУ во Кавадарци

Општина Кавадарци во целост го реализира проектот за Подобрување на инфраструктурата и Енергетската ефикасност во СЗШУЦ „Ѓорче Петров“ Кавадарци – информираат од локалната самоуправа.

Во првата фаза беа извршени градежни активности за промена на кровната конструкција и поставување на нова термо фасада, а во последната фаза, постоечкото осветлување се замени со ново ЛЕД осветлување.

Овој проект е финансиски поддржан од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги-УНОПС во висина од 82.017 УСД, додека општината учествуваше со сопствени средства во висина од 3500 УСД.