34 пациенти се хоспитализирани на ковид одделот во кавадаречката болница

Како се проширува, така и се полни ковид одделот во кавадаречката болница. Според информациите од директорот на болницата, д-р Диме Коцев таму се хоспитализирани 34 ковид позитивни пациенти.

 

„Сите хоспитализирани се се средно-тешка клиничка слика и се во стабилна состојба“ вели Коцев.

 

Вкупниот капациет на ковид одделот е 40 болнички кревети. Од почетокот со работа, досега во три наврати се прошируваше капациетот. Во моментов слободни се уште 6 болнички кревети.

 

Директорот на болницата апелира до граѓаните да ги почитуваат превентивните мерки, задолжително да носат маска, да избегнуваат групирања и навреме да се јавуваат кај матичните лекари кога ќе забележат симптоми на вируост, а не да се лекуваат сами.

 

Според информациите од институотот за јавно здравје, во Тиквешијата вкупниот број на позитивни од почетокот на епидемијата се искачи на 719 од кои 333 се активни случаи.  

 

А.Д