43 нови ковид позитивни во Тиквешијата

43 нови ковид позитивни во Тиквешијата

Во последните 24 часа во тиквешкиот регион се дијагностицирани вкупно 43 нови позитивни на корона вирус, информираа од ценарот за јавно здравје во Кавадарци.

 

*Кавадарци      32   

*Неготино        10

*Д.Капија          1

 

Позитивните се на возраст од 17 до 79 години – информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

 

Во ковид центарот во кавадаречката болница се хоспитализирани 44 пациенти и сите се во стабилна општа состојба. Има слободни 16 болнички кревети.

 

А.Д