Општина Кавадарци го освои второто место на Конкурсот за „НајЕко“ општина, што го распишаа „Пакомак“ и Шпаркасе банка.Првото место го освои општината Берово, а на третото според критериумите на жирито се пласираше општината Велес – информираат од локалната самоуправа.
Наградата за Кавадарци се состоеше од реквизити за детски забавен парк. Денес шесте лулашки и четирите клацкалки беа поставени на локација на улицата „Браќа Џунови“ во „Кадрово маало“.

Целта на конкурсот беше да се поттикнат свеста на граѓаните за по одговорен однос кон животната средина, како и да се мотивираат општините за поголеми вложувања во екологијата.