Јанчев: Вечно нека биде делото на Свети Климент Охридски

Јанчев: Вечно нека биде делото на Свети Климент Охридски

Градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев денеска упати честитка до сите граѓани по повод празникот Свети Климент Охридски. 

 

„Овој ден за нас претставува потсетување за обврската која ја имаме за почитување на нашата традиција и духовното наследство.

Свети Климент Охридски ја продолжи мисијата на неговите учители Свети Кирил и Методиј и нивното духовно и хумано дело описменувајќи го народот. Неговото дело е наше духовно и културно богатство. Во исто време и обврска да го чуваме и шириме неговото дело на идните генерации и да бидеме горди на нашата традиција и култура.

Нека е честит и вековит празникот!  Вечно нека биде делото на Свети Климент Охридски!“ – стои во честитката од Јанчев.