Левица: За мир во куќа со Касами, ДПМНЕ и Тошковски ги затвораат очите пред меѓуетничкото насилство во Тетово

Левица: За мир во куќа со Касами, ДПМНЕ и Тошковски ги затвораат очите пред меѓуетничкото насилство во Тетово

За ДПМНЕ, очигледно, зачувувањето на коалицискиот мир е поважно од решавањето на сериозните безбедносни проблеми во Тетово. Додека нивниот коалициски партнер управува со градот, а во јавноста се нижат сведоштва за напади врз деца, Министерството за внатрешни работи на Панче Тошковски не покажува дека е способно да воспостави ред и да обезбеди сигурност. Политичката удобност на владината коалиција повторно е ставена пред интересот и безбедноста на граѓаните.

Состојбата во Тетово одамна ги надминува рамките на изолирани случаи на врсничко насилство. Според податоците на СВР Тетово, во текот на 2026 година се пријавени 12 инциденти меѓу малолетници. Станува збор за групи момчиња кои пресретнуваат и напаѓаат помали деца, ги фаќаат за врат, ги тепаат, им ги проверуваат јакните и облеката за навивачки обележја, а нападите ги снимаат и ги објавуваат по социјални мрежи. 

Родители сведочат дека нивните деца веќе се плашат сами да излегуваат, дека ги носат со автомобили и ги придружуваат дури и до секојдневните активности. Особено алармантни се сведоштвата дека некои напади биле пријавени, а сторителите со месеци не биле откриени, како и обвинувањата дека полициските записници не ги содржеле сите детали од нападите. Од 12 пријавени инциденти, пет се расчистени, три кривични дела се процесирани, а четири случаи сè уште се во истрага.

Наместо навремена превенција и ефикасно полициско постапување, јавноста добива информации за институционални пропусти дури откако случаите ќе ескалираат и ќе станат медиумски скандал. Панче Тошковски ПОВТОРНО ја демонстрира неспособноста на МВР да ја гарантира основната безбедност на граѓаните!

Панче Тошковски е целосен катастрофален НЕУСПЕХ како министер за внатрешни работи, но неговиот неуспех е и политички симптом на подреденоста на ДПМНЕ пред коалицискиот партнер ВЛЕН. ДПМНЕ со години глуми бескомпромисност, а ВЛЕН повеќепати покажа дека не ги следи нивните политички интереси кога тоа нему не му одговара. Сега, кога во Тетово се случуваат напади врз ДЕЦА, Тошковски повторно дозволува неговата некомпетентност и субмисивност да доведат до уништување на човечки животи. ДПМНЕ е подготвена да проголта и политичко понижување од сопствените партнери, само за да ја зачува власта, а Тошковски ја демонстрира истата подреденост преку нефункционалноста на МВР!

Бараме ИТНО и НЕСЕЛЕКТИВНО расчистување на сите пријавени напади, утврдување одговорност за сторителите и за секој институционален пропуст. Заштитата на децата мора да биде безусловна, независно од партиската припадност на локалната или централната власт.