Образование преку дружење: Ученици од кавадаречките основни училишта во посета на градоначалникот (фото)

Образование преку дружење: Ученици од кавадаречките основни училишта во посета на градоначалникот (фото)

Учениците од четврто одделение од ООУ „Гоце Делчев“ и ООУ „Страшо Пинџур“, заедно со своите наставници, остварија непосредни и едукативни средби со градоначалникот, каде преку интерактивен разговор се запознаа со функционирањето на локалната самоуправа.

Со многу љубопитност, насмевки и детска искреност, најмладите поставуваа прашања и дознаваа како функционира општината, како се носат одлуките и на кој начин се решаваат секојдневните потреби на граѓаните. Преку овие средби, учениците имаа можност теоретското знаење од училишните клупи да го поврзат со реалните примери од животот во нивната општина.

Од локалната самоуправа порачуваат дека вратите остануваат отворени за најмладите, бидејќи ваквите активности придонесуваат кон поттикнување на размислувањето и градење на активна и одговорна граѓанска свест уште од најрана возраст.