Kaвадаречкиот совет денеска ја одржа 15-тата седница. На дневног ред се најдоа бројни одлуки, програми и извештаи од важност за локалната заедница, при што особено внимание предизвика разгледувањето на деветмесечниот извештај за извршувањето на општинскиот буџет.
Советниците одлучуваа по клучните финансиски показатели за работењето на Општина Кавадарци за првите девет месеци од годинава (период од 01.01 до 30.09.2026 година).Вкупните приходи се реализирани во износ од 1.182.808.117 денари, што претставува 58,21% од планираните 2,03 милијарди денари за тековната 2026 година. Вкупните расходи достигнале 1.143.915.658 денари или 56,29% од годишниот план.


Во рамки на расправата по оваа точка, одговарајќи на забелешките и обвинувањата од опозицијата за слаба буџетска реализација, градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, истакна: – „Овие бројки потврдуваат стабилна динамика на фискалната реализација и непречено финансирање на планираните општински проекти и обврски во третиот квартал од годината.
На седницата се разгледуваше извештајот за работата на ПС ОН Кавадарци за првото полугодие од 2026 година. Беа донесени одлуки за отстапување на управување, користење и одржување на водоводни и канализациони мрежи на ЈП „Комуналец“, како и отпис на застарени побарувања по основ на данок на имот и комунални такси.



Беа именувани челнови во управниот одбор и органот за внатрешна контрола на јавната општинска установа за социјална заштита – центар за дневен престој на лица со попреченост „Искра“ Кавадарци.
Се усвоија одлуки и програми за подготовка на зимската служба за локалните патишта и улици за сезоната 2026/2027. На седницата се најдоа и беа усвоени и измени и дополнувања на програмите за комунални дејности и локален економски развој, одлуки за енергетска ефикасност, судски порамнувања и спогодби, како и измените на годишните планови за вработување на ЈП Градски превоз Кавадарци за 2026 и 2027 година.