Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Центарот за јавно здравје – Скопје официјално прогласија епидемија на западнонилска треска на подрачјето на неколку скопски населби и општини.
Според информациите од здравствените власти, епидемијата е прогласена во следниве делови од главниот град:
- Кисела Вода (кај Пржино)
- Аеродром
- Бутел
- Гази Баба
- Илинден
- Драчево
- Идризово
- Јурумлери
- Трубарево
Состојба со заболените: 20 лица во болница, петмина во критична состојба
Од почетокот на годината досега се евидентирани 24 потврдени случаи на западнонилска треска, додека кај уште двајца пациенти постои сомнение за присуство на вирусот.
- 20 пациенти се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести во Скопје.
- 5 лица се наоѓаат во тешка здравствена состојба и се поставени на механичка вентилација.
- Профил на заболените: Најголем дел од инфицираните се повозрасни мажи (над 60 години), кои изведувале земјоделски и градинарски активности во раните утрински или приквечерните часови.
Регистриран и еден смртен случај
Изминатиов викенд е регистриран и еден смртен исход како последица на вирусот. Починал 83-годишен пациент кај кого била потврдена западнонилска треска, а кој претходно боледувал од повеќе други хронични болести (коморбидитети).
Здравствените служби апелираат до сите граѓани, а особено до повозрасната популација, да се заштитуваат од убоди од комарци во ризичните периоди од денот, да користат репеленти и да носат облека со долги ракави.
фото: илустрација АИ